All for Joomla All for Webmasters

Сервисна мрежа

Увозникот ЕЛЕКТРО ПРОМЕТ-Кавадарци , Ви дава гаранција за квалитет на купениот производ согласно со Законот за потрошувачите, со сите задолжителни стандарdи и согласно гарантните услови во овој Гарантен лист. Оваа гаранација е додаток и не ги ограничува правата на потрошувачите согласно законите во Р.Македонија

Кога ќе се појават проблеми со купениот уред и при нереагирање на сервисот во рок од 24 часа во рамките на градовите со седиште на сервисот и 48 часа во целата држава, Ве молиме да се обратите кон службата за услуга на потрошувачите на тел. +389 43 412-551

 

ГАРАНТНИ УСЛОВИ

1. Гаранцијата почнува од денот на продажбата на производот на купувачот.
2. Оваа гаранција важи само ако гарантниот лист е потполнет читко во моментот на купување на производот, да содржи потпис и печат на купувачот и се чува сметката за купениот производ ВНИМАНИЕ! Преправани, неправилно и непотполно поплнети гарантни листови се сметаат за неважечки.
3. Оваа гаранција не се однесува за:
3.1 пластични и стаклени делови кои се наоѓаат по надворешната страна на производот, електрични светилки, кабли за надворешни поврзувања на уредот и друга дополнителна опрема.
3.2 Мали оштетувања по надворешната страна на конструкцијата како и нормално амортизирање на механичките компоненти кои се директно изложени при нормална употреба на производот,
4. Во случај на поправка:
4.1 Сите поправки во гарантниот рок ги обавува само овластениот сервисер.
4.2 Гарантниот рок не важи за време на престојот на производот во сервисот.
4.3 Увозникот и сервисерот не одговараат за пропуштената корист од производот за периодот додека тој се сервисира.
4.4 Кога има потреба од замена за делови, јазли или одредени детали при поравката, поправените и неисправни делови стануваат сопственост на сервисерот за негово раздолжување за извршената поправка.
4.5 Во случај поправката на производот во гарантен рок од 10 дена сметајќи го и денот кога е пријавен дефектот сервисерот ќе го продолжи рокот на гаранција за онолки денови колку што траела поправката.
4.6 Во случај поправката на производот во гарантен рок да трае 20 дена сметајќи го и денот кога е пријавен дефектот или пак настанатиот дефект не може да се отклони во гарантниот рок, тогаш на барање на купувачот таквиот производ ќе биде заменет со нов или ќе му вратен вложениот износ на купувачот.
5. Бесплатната гаранција престанува да важи:
5.1 Кога купувачот не се придржува кон приложените упатства за : чување, монтирање и употреба на производот.
5.2 Кога се несоодветни податоците од документите и самиот производ, кога е одстранет серискиот број на производот или е извршена замена со друг број на било каков начин.
5.3 Кога производот е оштетен поради нестручна употреба на корисникот или поради сервисирање на неовластено лице.
5.4 Кога производот се користи за комерцијална работа (различна од домашната употреба). На пример: професионални намени, нудење под наем на производот, употреба во угостителски објекти и слично. Оваа клаузула не важи ако продадениот производ е специјално деклариран дека е посебно наменет за горенаведените употреби.
5.5 Кога оштетувањето на производот е предизвикано од механички удари, електрични преоптеретувања, неодговорен однос при транспорт, елементарни непогоди (молнња, поплави и слично) при електричен удар и неисправност во ел. мрежа или други причини надвор од контролата на увозникот/сервисерот. За горенаведените ризици предлагаме производите предходно да се осигураат.
6. Увозникот ЕЛЕКТРО-ПРОМЕТ увоз-извоз Скопје, гарантира редовно снабдување на резервни делови за време од 7 години и гаранција од 12 месеци

Увозникот и дистрибутерот не сносат одговорност за козметички повреди на надворешната страна на телото, скршени пластични делови на надворешната страна на апаратот, ВО СЛУЧАЈ ДА НЕ СЕ ИЗВРШИ ПРОВЕРКА ВО МОМЕНТОТ НА КУПУВАЊЕ
Изјавуваме дека потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и дека овие права не се загарантирани со гаранција

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

ЕЛЕКТРО-ПРОМЕТ Кавадарци ул.Шишка ББ тел: 043/412 551,тел/факс 043 412/552


ПОЧИТУВАНИ КОРИСНИЦИ

Ви Благодариме што имавте доверба во нас и го избравте нашиот производ, синоним на квалитет и сигурност. Се надеваме дека тој ќе одговара на вашите потреби и барања.
Секогаш кога имате потреба од нас, не двоумете се, побарајте не. Ние секогаш ќе бидеме до Вас кога за тоа има потреба за соработка и за понуда на секаков вид на корисни информации од производ на FABER, NARDI, EUROLUX

Поддршка и контакт

Бул. Шишка бб, 1430 Кавадарци, Македонија

Телефон: +389 43 412 551

Мобилен: +389 70 386 999

Факс:       +389 43 400 135

office@elektropromet.com.mk

Кои сме ние?

Електропромет е ексклузивен претставник и официјален дистрибутер за Р.Македонија на двата италијански производители Faber -аспиратори за кујни, Nardi апарати за вградување, Eurolux бренд на Faber i Nardi и Lino (економичена линија на апарати) им нуди на свотие потрошувачи производи со висок квалитет и извонреден дизајн со што ги задоволуваат и најприбиливите вкусови. Електропромет е компанија со висок рејтинг и реноме е една од водечките компании во продажбата на апарати за домаќинство (бела техника) во Македонија.